Ова е четврти пат Нома да биде прогласена за најдобар ресторан на светот. Серијата им беше прекината само минатата година од шпанскиот El Celler de Can Roca од Џирона, кој сега се врати на второ место. Сите четири награди се во периодот од 2010-та до 2014-та.
Сајтот на организаторот на наградите, како карактеристично јадење за Нома го наведува "Зимски компир подготвуван во ферментиран јачмен." Ко-сопственик и главен шеф на ресторанот е Рене Реџепи, по потекло Албанец од Македонија. За него Илина пишуваше тука и тука, а туку го имавме како зборува со Ентони Бордејн за македонската кујна.
Рангирањето на листата се базира на оценките од над 900 меѓународни гурмани од Академијата Дајнерс Клуб Топ 50 најдобри ресторани во светот. Готвачите, сопствениците на ресторани и критичарите ги избираат најдобрите ресторани врз основа на нивните лични искуства во нив.
Најдобар женски готвач е Хелена Ризо од Mani во Сао Паоло. Наградата од готвачите ја доби Алек Атала од D.O.M. исто така од Сао Паоло. Gaggan од Бангок ја доби наградата за највисок нов ресторан на листата. Saison од Сан Франциско е добитник на наградата One to Watch, а човек што прави најдобри слатки во светот е Жорди Рока од El Celler de Can Roca, Шпанија.
Ова е комплетната листа:
1. Noma, Copenhagen
(карактеристично јадење: "Зимски компир подготвуван во ферментиран јачмен")
2. El Celler de Can Roca, Girona, Spain
(карактеристично јадење: "Charcoal-grilled king prawn, king prawn sand, ink rocks, fried legs, head juice and king prawn essence")
3. Osteria Francescana, Modena, Italy
(карактеристично јадење: "Oops! I Dropped The Lemon Tart")
4. Eleven Madison Park, New York
5. Dinner by Heston Blumenthal, London
6. Mugaritz, San Sebastián, Spain
7. D.O.M., Sao Paulo, Brazil
8. Arzak, San Sebastián, Spain
9. Alinea, Chicago
10. The Ledbury, London
11. Mirazur, Menton, France
12. Vendôme, Bergisch Gladbach, Germany
13. Nahm, Bangkok, Thailand
14. Narisawa, Tokyo
15. Central, Lima, Peru
16. Steirereck, Vienna
17. Gaggan, Bangkok, Thailand
18. Astrid y Gastón, Lima, Peru
19. Fäviken, Sweden
20. Pujol, Mexico City
21. Le Bernardin, New York
22. Vila Joya, Albufeira, Portugal
23. Frantzén/Lindeberg, Stockholm
24. Amber, Hong Kong
25. L'Arpege, Paris
26. Azurmendi, Vizcaya, Spain
27. Le Chateaubriand, Paris
28. Aqua, Wolfsburg, Germany
29. De Librije, Zwolle, Netherlands
30. Per Se, New York
31. L'Atelier Saint Germain, Paris
32. Attica, Melbourne, Australia
33. Nihonryori RyuGin, Tokyo
34. Asador Extebarri, Vizcaya, Spain
35. Martín Berasategui, Guipúzcoa, Spain
36. Mani, Sao Paulo, Brazil
37. Restaurant Andre, Singapore
38. L'Astrance, Paris
39. Piazza Duomo, Piemonte, Italy
40. Daniel, New York
41. Quique Dacosta, Alicante, Spain
42. Geranium, Copenhagen
43. Schloss Schauenstein, Fürstenau, Switzerland
44. The French Laundry, Yountville, Calif.
45. Hof Van Cleve, Kruishoutem, Belgium
46. Le Calandre, Rubano, Italy
47. Fat Duck, Berkshire, England
48. The Test Kitchen, Cape Town, South Africa
49. Coi, San Francisco
50. Waku Ghin, Singapore