Реџепи од храна

На Рене Реџепи (по татко Албанец од Македонија) чиј ресторан "Noma" во Копенхаген е прогласен за најдобaр ресторан на светот за 2012-та година не му е туѓо да се појавува на насловни страници на светски познати магазини од калиброт на Тајм. Извонредно креативно решение е неговата насловна за магазинот Clase Premier, каде Реџепи е портретиран со помош на неговото најсилно оружје - храната. По објавувањето на насловната, Рене твитна: Келнер, имам ракче во окото :)

 

19 септември 2012 - 14:01