Корпоративни богови на маркетингот

Дечко на своја рака развива крајно успешен ТикТок профил за компанијата во која работи, која се занимава со крајно незанимлива дејност - продажба на бои за молерисување. За награда, дечкото е отпуштен.

Иако главно почнува да снима заради опседнатост со боите и лично восхитување кога ги гледа како се мешаат, намерата на Тони Пилосено во еден дел е и да привлече потенцијални млади муштерии (генерација З) кон ланецот на продавници Шервин-Вилијамс.

Тони тоа го прави со објавување видеа како меша бои на работа на својот ТикТок профил @tonesterpaints. Може вака звучи глупо и денгубење, меѓутоа форматот и содржината е доволно привлечна за профилот на Тони да има 1,2 милиони следбеници.

Откако тој со месеци им го посочува својот вирален профил на луѓето од централа за да им објасни што сè може да се постигне на социјалните медиуми, тие решаваат да спроведат истрага околу неговиот профил и последователно да го избркаат од работа.

@tonesterpaints

Reply to @s0up.1 my favorite color ##paintmixing ##WorldPeace ##Denim4all ##MusicLesson

♬ Chanel by Frank Ocean a Nick Leon Atmosphere Remix - Wilfredo Manglapus Jr.

Основата за ова е дека тој видеата ги правел „во работно време“ и со службена опрема (бидејќи машините што ја мешаат бојата за муштериите се службени). Притоа, како што пишува во документите за неговото отпуштање, тој „сериозно ја посрамотил компанијата и нејзините производи“.

Од компанијата тврдат дека тој бил отпуштен заради поплаки од муштериите.

Поплаките се заради видео како следното во кое Тони добива виолетова боја додавајќи боровинки во белата основа:

@tonesterpaints

organic paint #paint #berry #art #LittleBitFancy #satisfying #Flashback #fruit #painter

♬ Blueberry Faygo - Lil Mosey

Инаку Пилосено за Базфид објаснува дека иако во прво време ги снима боите што ги меша за муштериите, тој подоцна почнува да купува бои за себе, со попуст за вработени, и ги користи за каналот.

23 ноември 2020 - 16:16