Ментално здравје
Во јуни, околу 40% од возрасните имале проблеми со менталното здравје или некоја зависност.
Меѓу испитаните возрасни Американци, 10,7% помислувале на самоубиство (во 2018 ги имало 4,4%).
Меѓу младите од 18 до 24, дури една четвртина помислувале на самоубиство.
Меѓу април и октомври, учеството на интервенции на Брза помош поврзани со ментално здравје на деца (5-11 години) се зголемил за 24% а за постарите малолетници (12-17) за 31 процент во споредба со истиот период во 2019.
Во над 40 сојузни држави е зголемена смртноста од наркотици.
Економија
Во американските семејства со деца, стапката на несигурност околу прехранувањето се зголемила повеќе од двојно во однос на 2018 (од 14% на 32%).
Во вториот квартал на 2020, американскиот БДП паднал за 33% во однос на истиот квартал лани.
(на глобално ниво, во категоријата екстремно сиромашни ќе влезат меѓу 71 и 100 милиони луѓе, 86 милиони деца ќе влезат во категоријата сиромашни а недоволно храна ќе има за од 690 до 822 милиони луѓе).
Невработеност
Само во април таа во САД била зголемена за 15% што е најголем раст во еден месец откако тоа се бележи, од 1948 година.
Во март, 39% од оние кои живеат во домаќинства под 40.000 долари годишно пријавиле губење на работно место.
2,2 милиони мајки со деца до 12 години изгубиле работа меѓу февруари и август а без работно место останале 870.000 татковци на такви деца.
Секоја четврта жена морала да остане без работа бидејќи немало кој да ги чува децата.
Образование
Се очекува кумулативно намалување на животниот век од 5,53 милиони години заради затворањето на школите во САД.
Здравје
Дијагнози за шест вида ракови бележат пад од 46,4% во споредба со 2018.
Финансиските загуби за болниците за оваа година ќе изнесуваат 323,1 милијарда долари.
Криминал
За првите 6 месеци од 2020, убиствата се покачиле за 15%, вооружените напади за 5% а палењето имот за 52% во однос на лани.
Угостителство
Еден ресторан во просек го чини 7.400 долари за да ги исполни прокотолите за работа, кои, за да ги вратат, ќе треба да одвојат 66% од нивниот бизнис во период од 6 месеци.
Рестораните ќе изгубат 240 милијарди долари и 8 милиони вработени до крајот на годината.
Се очекува секој трет ресторан да биде затворен до крајот на оваа година а 86% од нив веќе го намалиле бројот на вработени.
До март 2021 година, 40% од американските ресторани ќе бидат затворени.