Со помош на кислородна терапија во комори под притисок, израелски научници тврдат дека за првпат успеале не само да го сопрат песочниот часовник на животот туку и да го свртат наопаку.
Велат дека нивните кислородни третмани во хипербарични комори постигнале голем успех во две клучни области поврзани со стареењето и придружното ронење на здравјето.
Како што се старее, заштитните капи на хромозомите - наречени теломери - се скусуваат со што ДНК-та почнува дасе ошѓтетува а клетките престануваат да се реплродуцираат. Истовремено, истрошените „зомби“ клетки сè повеќе се кумулираат во организмот, спречувајќчи регенерација.
Зголемувањето на теломерите и ослободувањето од отслужените клетки долго време се „Светиот грал“ на научните студии за стареењето и тема на фармацевтските влажни соништа.
Научниците од Универзитетот во Тел Авив тврдат дека со давање чист кислород на стари лица во комори под притисок успеале да ја зголемат должината на нивните теломери за 20%, нешто што никогаш досега не било постигнато. Сега тие имале должина на теломерите како пред 25 години.
Истовремено, со ваквите третмани ги намалиле остарените клетки за 37% а студии на животни имаат покажано дека со нивното отстранување, остатокот од животот би можел да биде зголемен за една третина.
Браво бе дечки. Ќе ве гушневме, ако имавте барем најдено начин како да го вратите тој добар стар обичај во нашите кратки животи.