Нетфликс го збриша Шапел шоу на барање на Дејв Шапел

Барањето на Шапел било Нетфликс да престане да ги репризира старите епизоди од Шапел шоу, затоа што сопственикот на правата, ВиакомЦБС, ги продал без негова дозвола. На целосно изненадување на Шапел, Нетфликс му удоволиле на барањето.

Шоуто, сите три сезони што на времето оригинално се емитуваа на Комеди централ, беше достапно на Нетфликс од 1-ви ноември, до вчера.

Првично се емитува од 2003 до 2006, но потоа тоа е препродавано на најразлични кабелски мрежи, а достапно е и на сајтот и апликацијата на Комеди централ. Во 2006, иако имаше уште некоја година до крајот на договорот, Шапел нагло го напушта шоуто по што едно десетина години никаде го нема.

Нетфликс има посебен договор со Шапел, на троцифрени милиони долари, а платформата беше и местото каде комичарот го направи и својот камбек во 2016. Американските медиуми пишуваат дека токму оваа врска со Шапел е причината зошто Нетфликс решил да го испочитува неговото барање. Шоуто и понатаму е достапно на платформи како ЦБС Ол Аксес и ХБО Макс.

Шапел и за време на воведниот монолог на гостувањето на СНЛ ја спомна својата гневност околу препродавањето на Шапел шоу од страна на ВиакомЦБС, и дека не заработува ниту долар од тоа, иако било негово шоу.

Извадокот е од 18 минутен клип од неговиот необјавен стендап „Unforgiven“ што Шапел го постираше на Инстаграм:

 

25 ноември 2020 - 10:48