Човекот чие име нема да биде напишано

„Диктаторот“, „овој човек“, „претседателот“ се само дел од термините што авторите на книги ги користат изминативе четири години за да го избегнат споменувањето на името на Трамп.

Иако владеењето на Трамп беше крајно даровно за писателите на романи голем број автори истераа цели серијали книги во кои се споменува американскиот претседател без тој да биде споменат.

Излезе дека не станува збор за никакво писателско суеверие, туку едноставно авторите толку му се напнати на Трамп што не сакаат на ниту еден начин да го хранат нарцисизмот на Трамп. Како што ќе објасни авторот на „Leave the World Behind“, Руман Алам, во едно интервју:

„Една од фрустрациите на делењето иста планета со него е начинот на кој тој нè присили сè да гледаме како да е некако поврзано со него.“

Дел од објаснувањето е дека писателите не сакаат Трамп да им се „закачи“ ако го спомнат во некој контекст што тој ќе го смета за неповолен. Друга позиција е дека Трамп сам по себе е „толку екстремна карикатура што писателите имаат потреба да си дадат малку простор со тоа што нема да го именуваат“.

„Уште од старт знаев дека сакам во романот претседателот да биде во позадина, неговите постапки да бидат прераскажувани наместо директно гледани.

Ова делумно беше затоа што стравувам дека фигурата на Трамп ќе биде толку доминантна во умот на читателот што ниту еден фиктивен претседател не би можел да конкурира. Што исто така значи дека нема реална потреба да го опишеш: читателот во својот ум веќе би имал изграден став околу претседателот,“ објаснува авторот Џонатан Фридленд, автор на трите трилери „To Kill the President“, „To Kill the Truth“ и „To Kill a Man“.

24 ноември 2020 - 15:30