Патрик Квин во 2013 година бил дијагностициран од неизлечивата невролошка болест наречена амиотрофична латерална склероза (АЛС), попозната како Лу Геригова болест.
Со семејството и пријателите покренуваат кампања за собирање средства за истражување на оваа болест која ја популаризираат со идејата да си истуриш кофа мраз/вода на глава, снимката да ја објавиш и да предизвикаш пријатели да го сторат истото. Предизвикот не тргнува од Квин но тој и неговите успеваат да го направат светски познат.
Идејата „се фати“ па нема кој тогаш не се нареди со снимки од полевање, од Џорџ Буш, преку Опра Винфри и Леди Гага до Доналд Трамп.
„Сув остаток“ од целиот социјален феномен наречен „Ice Bucket Challenge“ е дека фондацијата собрала 220 милиони долари, но, како што своевремено пишувавме, само 30% од средствата оделе за главната цел, научните истражувања, а просечната плата на директорите во фондацијата била 300.000 долари годишно.
Што е амиотрофична латерална склероза?
Ретко заболување во кое делови од нервниот систем се оштетуваат предизвикувајќи прогресивно ослабување и атрофија на мускулите.
Го добива „прекарот“ по американскиот безбол играч Лу Гериг за кој се верува дека починал од таа болест.
АЛС се појавува кога нервните клетки во мозокот и рбетот, наречени моторни неврони, од непознати причини почнуваат да не функционираат нормално; болеста е иреверзибилна и страдаат основни активности како што е одењето, зборувањето, голтањето и дишењето.
Животниот век за половина од оние со АЛС е меѓу 3 и 4 години од моментот на дијагностицирање, но некои живеат и доста подолго: најпознатиот АЛС пациент на светот, Стивен Хокинг, со болеста живееше 55 години.
Ние да не останеме покусо: тогашниот министер за одбрана Зоран Јолевски и Четкар:
После „Ајс бакет“ дојде еден бааги помрзлив предизвик во кој од славните се бараше да направат селфи брзо откако ќе се разбудат.