Новиот Ајс Бакет предизвик е помрзлив од стариот

Кампањата пак е за собирање пари, ама сега е за УНИЦЕФ, а монументалниот подвиг кој што се бара од славните низ светот е - да направат селфи одма штом се разбудат.

Во #WakeUpCall кампањата паралелно со селфито, познатите оставаат и телефон на кој треба да се прати порака која чини 5 фунти. Парите се за фондот на УНИЦЕФ за децата од Сирија.

Како и кај предизвикот со кофа мраз и тука после селфито номинираш тројца други што ќе треба да ја направат истата утринска фотографија. АЛС асоцијацијата со кофа мраз предизвикот собра над 95 милиони долари.

До сега меѓу другите утрински се сликаа: Наоми Кембел, Стивен Фрај, Том Хиделстон, Натали Имбрулија, Дејзи Лов, Најџела Лавсон.

8 октомври 2014 - 14:23