Германија изгласа „рамковен“ за жени директорки

30% од високиот менаџмент на големите германски компании во иднина задолжително мора да бидат жени, предвидуваат новите квоти што ќе бидат воведени од германската влада.

Во сите менаџерски бордови кои имаат најмалку 3 членови, ќе мора да има барем една жена. До сега истото ова беше во оптек меѓутоа по волонтерска основа.

На ова претходеа критики и статистики кои покажаа дека германските компании заостануваат во рамноправноста во однос на конкурентските економии.

Па така на жените отпаѓаат само 12,8% од составот на менаџерските бордови во 30-те најголеми германски компании што се дел од Дакс-индексот. Во САД процентот во истата категорија е 28,6 проценти, во Британија 24,5 а во Франција 22,2.

Истражувањето што доаѓа до овие бројки исто така измерило и дека компаниите од Дакс редовно губат жени на високи позиции, и во исто време е раст на бројот на „Дакс компании кои моментално се без ниту една жена во бордот“.

Освен компании од берзата, квотата од 30% е задолжителна и за надзорните бордови на компаниите во кои германската држава има мнозински удел.

За некое време се очекува оваа мерка да биде задолжителна и за компании кои се занимаваат со здравствено и пензиско осигурување.

23 ноември 2020 - 12:29