Видеата се од терен, ништо спремено или по каква било сценографија, и ги покажува земјоделските работници сред нива во сезона на жнеење на најразлични зеленчуци.
Изборот е паднат на зеленчуци кои традиционално се користат во подготвувањето на вечерата за Денот на благодарноста. Заедно со зеленчук е и платата што работниците ја добиваат за својата работа.
На списокот се:
- Магдонос - 1,9 долари по гајба, а во гајба собира меѓу 60 и 65 китки (врзани).
- Репка - 1,5 долари за две кофи (со исечен корен и листови).
- Целер.
- Прокељ.
- Кромид.
- Јаболка - 22 до 26 долари за секој сандак.
Од организацијата објаснуваат дека целта им е луѓето да видат колку тешка работа е потребна за да се добие нивниот зеленчук и овошје, пред тој воопшто да пристигне во продавница, и условите во кои работат овие луѓе.