Шведскиот премиер не е задоволен како Швеѓаните се покажале за време на ковид-19

Во трето вакво национално обраќање во историјата на Шведска, премиерот Стефан Лофвен ги укори своите сограѓани дека „премногу луѓе биле неодговорни во следење на препораките“ од здравствените власти.

Шведска од старт се одлучи да не воведува национален карантин, и наместо тоа да се потпре на доброволно спроведување на мерките од страна на нејзините граѓани.

За сега, исходот е значително повисока стапка на смртност отколку останатите нордиски држави и рапидно полнење на креветите за интензивна нега.

„Сите мораат да направат повеќе за борба против вирусот. Здравјето и животите на луѓето се уште се во опасност, а опасноста и понатаму расте,“ порачал шведскиот премиер.

До сега од ковид-19 имаат починато над 6.000 Швеѓани, а вкупниот број на заразени е над 200.000. Во исто време капацитети на земјата брзо со полнат, а од 19 ноември земјата има два пати повеќе ковид-19 пациенти отколку во претходните две недели.

На почетокот на ноември премиерот се реши на она што тој го наречен мерка „без преседан“ со која ги забрани јавните собири на повеќе од 8 луѓе, што беше толкувано како знак дека доброволното спроведување мерки веќе не е доволно.

„Пораката на премиерот во неделата беше слично недвосмислена: олеснувањето на пандемијата од летото и есенва, заврши,“ пренесува Блумберг.

23 ноември 2020 - 10:56