Екипата зад ClearMate нашла нова употребна вредност на уредот кој долго ВРЕМЕ се користи за трУење со јаглерод моноксид и овозможува човек безбедно да хипервентилира без да се онесвести.
Откриле дека на овој начин, со хипервентилација односно „предишување“, телото се ослободува од вишокот етанол три пати побрзо отколку што тоа може да го направи црниот дроб.
Губењето на јаглерод диоксид додека се хипервентилира може да води до онесвестување но уредот го решава тој проблем со враќање на јаглерод диоксид преку маска. Тоа им овозможува на белите дробови да го издишуваат етанолот од алкохолното претерување и да ја намалат неговата количина во крвта.
И ако нам прво на памет ни паѓа уредот да стане основна опрема за журки и кафани, канадската универзитетска здравствена мрежа вели дека ClearMate може да стане пресвртна алатка во обидите да се спаси нечиј живот од алкохолно труење, а попат да послужи и за обично трезнење.
„Необјасниво е како на ова не сме се сетиле пред децении,“ велат Канаѓаните за уредот кој е многу едноставен, не му треба електроника, компјутери и филтри И може да биде направен каде било во светот.