Овие научници откриле дека и осум месеци откако биле позитивни, најголемиот дел од оздравените и понатаму имаат доволно имунитетни клетки за да се одбранат од вирусот и за да спречат болест.
Се работи за една од најсеопфатните и долгорочни студии (колку што е можно) за тоа колку имунитетот го памети коронавирусот, меѓутоа таа се уште ја нема минато неопходната научна ревизија.
„Ова количество на меморија е многу веројатно дека ќе спречи мнозинството од луѓето уште долги години да не бидат хоспитализирани заради болеста или сериозно да заболат,“ изјавува вирологот од Ла Џола Институтот за Имунологија, Шејн Кроти, која беше ко-автор на студијата.
Овие резултати се во согласност со една друга неодамнешна студија според која лицата што го преживеале оригиналниот САРС вирус, носат одредени важни имунитетни клетки и 17 години по закрепнувањето.
Минатата недела беше објавена сосема одделна студија според која, дури и кога антителата не се забележливи, телото на лицата кои „прележале“ ковид-19 има „моќни и заштитни имунитетни клетки“.
Навраќајќи се на студијата од Универзитетот во Аризона, Њујорк тајмс наведува дека мал дел од прележаните немале долгорочен имунитет, што веројатно се должи на тоа дека биле изложени на помали количини од коронавирусот, но очекувањата се дека ваквите разлики ќе бидат надминати со помош на вакцини.
Во изминатите месеци една од паниките беше дека антителата кај лицата што ја минале болеста се во постојан пад и на крај исчезнуваат. Меѓутоа голем број имунолози смируваа дека е сосема природно нивоата на антитела да опаѓаат со тек на време, објаснувајќи дека тие се само една гранка на имунитетниот систем.
Иако антителата во крвта се неопходни за блокирање на вирусот и спречување на втора инфекција - што е познато како стерилизирачки имунитет - многу почесто имунитетните клетки кои го „памтат“ вирусот се тие што се одговорни за спречување на сериозна болест.
„Стерилизирачки имунитет не е нешто што се случува многу често - тоа не е стандардот,“ објаснува другиот ко-автор на студијата, Алесандро Сете.
Медицинското искуство е дека многу често кога луѓето по втор пат се заразуваат со одреден патоген, имунитетниот систем го препознава напаѓачот и брзо ја стишува инфекцијата, а имајќи предвид дека коронавирусот е посебно спор во правењето штета, тоа му дава доволно време на имунитениот систем да се активира и да почне да работи.
„Може да се случи тој доволно брзо да биде терминиран што не само што нема да почувствуваш никакви симптоми туку нема да бидеш ни заразен за другите,“ изјавил Сете.