Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

50 нијанси зелка

Долгогодишната потрага по природна замена за вештачката сина боја која се користи во прехрамбената индустрија конечно завршува. Корисен син пигмент е најден во - црвената зелка.

Препишете си сонце против ковид

Изложеност на сончева светлина би можело да има потенцијал на здравствена мерка за намалување на стапката нa смртност од ковид, навестува студија оид Унивeрзитетот во Единбург утврдувајќи линк меѓу посончевите делови и помалата смртност.

Мирна пролет со местимична појава на американски воени бродови

Администрацијата на Бајден размислува околу испраќање воени бродови во Црното море во следните неколку седмици како поддршка на Украина, откако руските воени сили станаа се почести и побројни на границата со Украина.

Израел денес застана во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот

Од 1941 до 1945 германските нацисти заедно со своите соработници од цела Европа извршија систематски геноцид убивајќи над 6 милиони европски Евреи. Еден од сојузниците на нацистичка Германија беше и Бугарија, која во име на својата поданост кон Хитлер во Треблинка испраќа 11.400 Евреи од териториите кои ги поробува како дел од нацистичкиот сојуз. Од нив 7.000 Евреи се од Македонија, и сите до до еден се убиени во гасните комори во Треблинка.

Задолжителното вакцинирање е неопходно во демократско општество

Европскиот суд за човекови права застана на страна на задолжителното вакцинирање, одлучувајќи дека тоа не ги прекршува човековите права и дека е неопходно во демократските општества.

Турција: Им наместивме како што нарачаа

Аранжманот на седење беше во согласност со барањата на Унијата, е одговорот на турското министерство за надворешни работи за скандалот со седнувањето на Фон дер Лejен на страна „додека мажите разговараа“.

Сојузништва без граници

Поранешниот американски олимписки шампион, а по ново еден од најпрепознатливите ликови на трансродовото движење, Кејтлин Џенер, како советник го ангажираше поранешниот главен менаџер на претседателската кампања на Трамп, Бред Парскале.

Двапати си е двапати

Тазе студија од почетокот на април вели дека за билдање на силен имунолошки одговор битно е двапати да се дојде во контакт со непријателот - вака или онака.

Фон дер Лejeн доби кауч кај Ердоган

Единствената жена лидер која присуствуваше на состанокот меѓу ЕУ и Турција, на кој меѓу другото требаше да се разговара за правата на жените, заврши без столче меѓу лидерите.

По шест месеци Чешка смени трет министер за здравство

Заради еден од најлошите биланси во справувањето со ковид-19 на барање на премиерот на Чешка беше сменет тамошниот министер за здравство, кого го назначи во октомври минатата година.

Кафка живее во алгоритмите

Американска непрофитна организација која влегува во незгодни теми како што е ГМО и потеклото на коронавирусот, осети како одеднаш може да се стане невидлив, односно закопан во длабочините на интернетот. Класична кафкијанска ситуација, само што денес зад неа не стои државната бирократија туку алгоритмите.

Ковидот удира на мозок

Кај секој трет преживеан од тежок ковид е дијагностицирано психијатриско или невролошко заболување во рок од шест месеци по заразувањето.

Година дена од маските

Денеска е шести април 2021 година, точно една година откако Светската здравствена организација објави битно глобално упатство во врска со маските - дека не треба да носат здрави луѓе. Чисто да го одбележиме јубилејот на оваа сулуда година во која авторитети и инстанци на кои рационално им верувавме ни направија толку слаломи, што денес, искрено, и на најглупите антиваксери не можеш да им замераш.

САД стигнаа до 3 милиони вакцинации на ден

Првата јавно објавена цел на Бајден околу ковид-19 беше САД да стигнат до 1 милион вакцинирања на ден. Сега се стигнати до 3 милиони. Следната цел им е 4 милиони.

Фајзер ги секна вакцините за Израел, заради фактура

Пратка од 700.000 Фајзер вакцини која во неделата требаше да стигне во Израел е одложена на неодредено време. Во случајов неодредено време е колку и да му е потребно на Израел да плати фактура.

Путин на своето

Рускиот претседател го потпиша законот за „ресетирање“ мандати кој ќе му дозволи уште два пати да се кандидира за претседател на Русија, со што потенцијално би бил на власт до 2036.

САД сакаат да воведат минимален данок на ниво на планета Земја

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, предлага воведување на глобален минимален корпоративен данок како САД би можеле да наплатат некоја пара од своите корпорации за финансирање на претстојните огромни расходи.

Сложни министри тајно вечераат

Париското јавно обвинителство започна истрага околу сведоштвата објавени од медиумите на луѓе кои тврдат „дека јаделе во два или три тајни ресторани со одреден број на министри“.

Шпанија ќе проба дали може уште помалку да работи

Како нација позната по својата неподнослива пракса на пладневна сиеста, Шпанците размислуваат за следно ниво на душевадништво на својот работен народ - работна недела од 4 дена.

10 милијарди долари од видео-игрици воопшто не е лошо

Студиото зад мобилната верзија на „Call of Duty“ и „Honor of Kings“, 2020 ја завршило со приходи од 10 милијарди долари.

Либералите извршија предавство на либерализмот

„Либерали, уозбилете се, не може ама баш за сè околу нас да се виновни „десничарските дезинформации“, порачува во Гардијан еден американски историчар кој забележува дека во прогресивните кругови денес владее уплав што постои „немодериран“ свет во кој виреат мисли надвор од нивниот замислен консензус.

Германија ќе го плати и гради пристаништето во Бејрут, ама...

Првиот дел од насловот е за целиот народ на Либан, „ама“ е за политичарите и владетелите на земјата, кои успеаа да ја дотераат до дереџето во кое се наоѓа.

Вие никогаш нема да бидете дел од ЕУ

Чедомир Јовановиќ открива дека уште на денес покоен Ѓинѓиќ, од највисоки можни европски инстанци му било предочено кои се посакуваните граници на ЕУ: оние на Австроунгарската монархија плус фронтот кон Русија. Со тоа што, после Бугарија успеа да им се прошверца и затоа се денес вакви какви што се.  

Амазон планира уште повеќе да ги дотепа продавниците

Планот што го разгледуваат во Амазон е да отворат „аутлети“ во кои ќе ја продаваат комплетната стара залиха на непродадена бела техника и останати производи по уште поголем попуст.