10 милијарди долари од видео-игрици воопшто не е лошо

Студиото зад мобилната верзија на „Call of Duty“ и „Honor of Kings“, 2020 ја завршило со приходи од 10 милијарди долари.

Се работи за студиото Тими, во сопственост на кинески Тенсент, кој според овие математики е „најголемото студио за видео игри“ поголемо дури и од Активижн Близард кои се автори на декстоп верзијата на „Call of Duty“ и на Воркрафт. Активижн Близард 2020 ја завршуваат со вкупни приходи од 8,09 милијарди долари, што е за 2 милијарди помалку од Тими.

Според компаниски бројки, во првата недела од објавувањето „Call of Duty: Mobile“ е симната повеќе од 100 милиони пати, а „Honor of Kings“ која е достапна само во Кина, во ноември 2020 има неверојатни 100 милиони активни корисници на ден.

Кинески Тенсент, меѓу другото, е еден од најголемите гејмерски конгломерати во светот, па освен Тими, во негова целосна сопственост е и студиото Рајот гејмс ( League of Legends), во 2012 купи 40% во Епик гејмс, авторите на Фортнајт, а е сопственик и на Лајтспид енд квантум студиото кои се автори на ПУБГ: Мобајл.

5 април 2021 - 09:34