По шест месеци Чешка смени трет министер за здравство

Заради еден од најлошите биланси во справувањето со ковид-19 на барање на премиерот на Чешка беше сменет тамошниот министер за здравство, кого го назначи во октомври минатата година.

Судирот меѓу министерот Јан Блатни и премиерот Андреј Бабиш започна веднаш по неговото доаѓање на позицијата. Бабиш го цензурираше противењето на Блатни околу користењето на експериментални лекови за ковид-19.

Претседателот на Чешка, Милош Земан, исто така близок сојузник на премиерот, бараше отпуштање на министерот за здравство затоа што не дозволи почеток на вакцинација со Спутник V, пред руската вакцина да биде одобрена од ЕУ регулаторот ЕМА.

Чешка уште минатиот месец затвори најголем дел од продавниците, услужните дејности и училиштата, плус беше воведена забрана за патување во земјата, со цел да се спречи комплетен колапс на здравствениот систем.

До сега земјата има 1,56 милиони заразени и над 27.000 починати од ковид-19.

Следен министер за здравство на Чешка ќе биде директор на болница од Прага, Петр Аренбергер.

7 април 2021 - 11:55