Шпанија ќе проба дали може уште помалку да работи

Како нација позната по својата неподнослива пракса на пладневна сиеста, Шпанците размислуваат за следно ниво на душевадништво на својот работен народ - работна недела од 4 дена.

Шпанија побара од стотици свои компании да се приклучат кон еден од најголемите светски тестови на 4-дневна работна недела, во која ќе се тестира концептот и нејзиното влијание на економијата.

Тестот треба да трае 3 години, а шпанската влада за сега има одвоено 50 милиони евра за субвенционирање на евентуалните загуби што компаниите учеснички би ги имале во овој период.

Во основа вработените ќе добијат иста плата за помалку работни часови, а „освен ако значително не ја подобрат продуктивноста, компаниите на своите вработени ќе им плаќаат повеќе за помалку работа“. Субвенциите од владата ќе бидат за надоместување на трошокот за ангажирање на дополнителни работници кои ќе го надополнат минусот работни часови или инсталирање нови технологии.

Проектот е дело на еден од помалите владини коалициони партнери, партијата Мас Паис, која успева да ја убеди владата да го прифати експериментот. Тие очекуваат околу 200 работодавци да се приклучат кон проектот кој треба да започне есенва.

„Сто години минаа откако последен пат го намаливме работниот ден, кога се изборивме за правото на 8 часа работа.

Во изминатите 100 години продолживме да произведуваме повеќе со помалку работни часови, а сепак оваа способност да произведуваме повеќе не создаде повеќе слободно време за луѓето,“ изјавил лидерот на партијата, Иниго Ерехон.

Главна основа по која партијата го доби проектот, е што во јануари гласаше за пакетот мерки за помош од Европската Унија. Од тогаш, министрите на владејачката партија малку се оладени кон идејата.

Проблемот со проектот е што Шпанија и онака има една од најнеконкурентните економии во Унијата, плус има една од највисоките стапки на работници со привремен ангажман. Самата Банка на Шпанија го нарече тамошниот пазар на трудот „дисфункционален“.

5 април 2021 - 11:23