Сините пигменти ретко се среќаваат во природни извори како што се растенијата или карпите, што значи дека сè сино што сте изеле досега во вид на торти, пијачки, лекови, козметика и облека било направено од синтетичка сина боја.
Овие синтетички бои обично се добиваат од петрохемикалии што не е баш пријателско за околината а загриженост постои и во врска со безбедноста на исхраната.
Науката со децении бара алтернативи и сега истражувачи од Универзитетот во Калифорнија нашле пигмент сличен на оној синтетичкиот кој стручно се вика Brilliant Blue FCF, а на декларации можете да го најдете како E133.
Се работи за тип на антоцијанинска молекула која во многу мали дози ја има во црвената зелка (доминантно присутните антоцијанини во неа се нормално, црвени). Цаката е што истражувачите нашле начин како со специјално дизајниран ензим, црвените молекули да станат плави.
Ах, што „Гринго“ се изналижавме....