Парот што ја преставуваше Европа во Анкара беше Лаен, како претседателка на Европската комисија, и поранешниот белгиски премиер а сегашен претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Сепак, во ултра-луксузната свечена сала имаше наместено само две столчиња, едно за домаќинот, Ердоган, и едно кое Мишел одлучи дека е за него. Во ваква ситуација, Лаен седна на еден од каучите за пониско рангираните, веднаш карши турскиот министер за надворешни работи.
Сцената се случува пред 3-часовниот состанок со Ердоган на кој една од темите се правата на жените во Турција откако земјата одлучи да се повлече од конвенцијата против родово насилство.
„Мишел, кој изгледаше како инстинктивно да се намести веднаш до Ердоган уште од влегувањето во салата, не остави впечаток на жалење за тоа што се случило,“ пишува Даниел Бофеј во текстот за Гардијан.
На прес-конференцијата по состанокот ни Лejен, ни Мишел не го спомнаа дипломатскиот гаф. Ердоган не учествуваше во пресот.
Европските дипломати изјавија дека Турција испратила погрешен сигнал со излегување од конвенцијата.
Истите овие европски дипломати, на состанокот се согласија да го продолжат 5-годишниот 6 милијарди евра тежок договор, кој во основа е плаќање рекет на Ердоган да не ги пушти пак бегалците кон Грција и ЕУ.