Двапати си е двапати

Тазе студија од почетокот на април вели дека за билдање на силен имунолошки одговор битно е двапати да се дојде во контакт со непријателот - вака или онака.

Студијата е објавена во Nature, изведена е од група американски истражувачи од различни профили и установи, била сосредоточена на реакцијата со анти-тела на мРНК вакцината Фајзер/ Биотен и резултатите се извлечени од испитување на 1.090 лица кои биле вакцинирани.

Накратко, со една доза вакцина кај лица кои веќе биле позитивни на коронавируас, организмот регира со нивоа на анти-тела и корисни инхибитори слични на оние кои примиле две дози вакцина а претходно немале инфекција.

Со други зборови, ако некој бил позитивен на SARS-CoV-2 (или прележал ковид-19), првата доза од Фајзер ќе резултира со слично ниво на анти-тела како после втора доза, во случај човек да немал ковид. Реакцијата на првата доза Фајзер е посилна ако сте имале ковид, отколку што е реакцијата на првата доза без прележан ковид.

Заклучок е дека она што „се брои“ е изложеност на вирусот, со него лично или со негов сурогат, односно вакцина.

Упатени во овие теми коментираат дека ова не значи да не се примат две дози во случај на претходна заразеност.   

* Студијата тука

7 април 2021 - 17:28