Шредер му рекол на Ѓинѓиќ:

Вие никогаш нема да бидете дел од ЕУ

Чедомир Јовановиќ открива дека уште на денес покоен Ѓинѓиќ, од највисоки можни европски инстанци му било предочено кои се посакуваните граници на ЕУ: оние на Австроунгарската монархија плус фронтот кон Русија. Со тоа што после Бугарија успеа да им се прошверца и затоа се денес вакви какви што се.  

„Шредер беше бесен затоа што ние инсистираме на Косово, бидејќи тогаш главна тема беше Ирак. Зоран му кажа: 'Тоа што за вас е Ирак, за нас е Косово. Сакам да знам кои се границите на мојата земја'. Шредер го праша зошто е тоа воопшто важно а Ѓинѓиќ му рече дека е важно затоа што ја сака Србија во Европа. На тоа Шредер му кажа: 'Па вие сте поголема Европа од мене, погледнете како изгледате, како зборувате. Но, Србија никогаш нема да биде дел од Европската Унија. Границите на ЕУ се Австроунгарската монархија, плус фронтот кон Русија.' И така сe разделија.

Ова го кажа во емисија на РТС Чедомир Јовановиќ, лидер на малата српска партија ЛДП и еден од најблиските соработници на убиениот српски премиер. Тврди дека уште тогаш им било јасно што се случува со Косово и дека Ѓинѓиќ сакал „тоа да го реши а никого да не продаде.“

„Сите прашања кои беа отворени тогаш, отворени се и денес,“ оценува Јовановиќ.

Тој имаше клучна улога и во предавањето на Слободан Милошевиќ на Хашкиот трибунал бидејќи во вилата „Мир“ на Дедиње, цели 10 часа го убедуваше актуелниот српски претседател дека во најдобар интерес на српскиот народ е мирно да се предаде за да не дојде до крвопролевање. 

Познатиот белградски адвокат со потекло од Македонија (роден е во Битола а вљубен во Охрид) Тома Фила, кој беше и пратеник на Социјалистичката партија, има поинакво гледање на тие настани: вели дека Милошевиќ бил измамен на подмолен начин бидејќи му било ветено и гарантирано дека нема да биде испорачан во Хаг а дека неговото семејство ќе биде оставено на мир. Фила тврди дека српските Јуди го предале Милошевиќ за 50 милиони долари и дека на Србија ѝ останува срамот затоа што е единствената земја на светот која го испорачала својот претседател на странски суд.

Темата за испорачувањето на Милошевиќ, деновиве е повторно топ тема во Србија, благодарејќи на серијата од пет епизоди „Семејство“ која оди деновиве на РТС, се занимава со последните три драматични дена од епохата на Милошевиќ и со речиси 40 проценти удел во вкупната тв глданост, повторно ги врати Србите пред телевизор.

 

2 април 2021 - 12:18