Одлуката се однесува на случај поднесен од група чешки семејства, околу задолжителното вакцинирање деца. Чешките власти имаат задолжителна вакцинација на деца за девет болести, која е воведена „во најдобар интерес“ на децата. Во Чешка децата мора да бидат вакцинирани за да може да се запишат во училиште.
„Мерките може да се сметаат и за 'неопходни во демократските општества',“ се порачува во пресудата.
Судот одлучи дека чешката здравствена политика не го прекршува членот 8, кој се однесува на почитување на правото на приватен живот според Европската конвенција за човекови права.
Иако пресудата не се однесува директно на ковид-19 вакцините, експертите веруваат дека таа ќе помогне во борбата против вирусот посебен кај оние што до сега се противеа на вакцината.
„Тоа што одлуката на Европскиот суд постави преседан дека задолжителната вакцинација не е спротивна на Европската конвенција за човекови права, не значи дека европските држави ќе ги присилат своите граѓани да се вакцинираат,“ се објаснува во текстот на Дојче Веле.