Парскале кој ја познава Џенер со години, се согласил да и помогне како „пријател“ а не како платен советник. Инаку на Џенер и треба помош околу нејзината намера да се кандидира за гувернерка на Калифорнија.
Задачата на Парскале би била да најде клучни луѓе за кампањата на Џенер доколку таа и официјално реши да се кандидира.
Сегашниот гувернер на Калифорнија, Гавин Нусом, има уште неколку години од мандатот, меѓутоа има и сериозна опозиција и движење за негово предвремено менување. Кога и да бидат следните избори за гувернер, Џенер најверојатно ќе се кандидира како републиканка.
За време на изборите 2016 Парскале беше одговорен за дигиталниот дел од кампањата на Трамп, кој одлично го заврши. Со ваква референца на кампањата за изборите 2020, тој беше унапреден во главен менаџер на целата кампања на Трамп. По неколку гафови и лични проблеми, Парскале беше заменет сред кампањата летото 2020.