Израел денес застана во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот

Од 1941 до 1945 германските нацисти заедно со своите соработници од цела Европа извршија систематски геноцид убивајќи над 6 милиони европски Евреи. Еден од сојузниците на нацистичка Германија беше и Бугарија, која во име на својата поданост кон Хитлер во Треблинка испраќа 11.400 Евреи од териториите кои ги поробува како дел од нацистичкиот сојуз. Од нив 7.000 Евреи се од Македонија, и сите до до еден се убиени во гасните комори во Треблинка.

Македонските Евреи заробени во тогашниот Тутунски комбинат во Скопје, чекаат на депортација


Едно потсетување на овие 7.000 Евреи кои никогаш не се вратија во Македонија во форма на саат и 48-минутен филм по име „Трето полувреме“:

 

8 април 2021 - 17:55