Студијата е од таканаречен опсервационен карактер (не одма да се печете ко гуштери), објавена е во британскиот журнал за дерматологија и споредувала податоци за смртни случаи во САД во периодот меѓу јануари и април, 2020, со локални сончеви карактеристики.
Утврдено е дека во областите со поголема изложеност на УВА зраци (кои се 95% од УВ спектарот), постои помал ризик за смртен исход во споредба со областите со помалку сонце. Анализата била повторена и за Англија и Италија и биле добиени исти резултати.
Притоа, во равенката биле ставени и оние фактори кои луѓето ги прават поранливи на коронавирусот, како што е возраста, социо-економскиот статус, густината на населението, загадувањето на воздухот и сл.
Бидејќи е опсервациона, студијата не може да ги објасни каузалните врски мeѓу набљудуваните појави но експерти велат дека само Д витаминот не може да се смета за ексклузивна причина.
За помалиот број смртни случаи од ковид, можно објаснување е дека изложноста на сонце предизвикува кожата да испушта повеќе азотен оксид, кој во неколку лабораториски студии се покажал способен да го редуцира размножувањето на коронавирусот.