
Производите чисто ќе бидат од залихата што ја имаат во магацин, а втор критериум за изборот ќе биде габаритот на производот. Главна категорија која ќе биде исклучена од проектот е - облека, бидејќи држење залиха од повеќе броеви од еден ист производ зафаќа премногу место.
Во 2019 излезе извештај дека Амазон буквално уништува милиони предмети што не може да ги продаде и тоа од телевизори до пелени. Подоцна Амазон вети дека непродадените производи ќе ги донира на оние на кои им се потребни. Амазон повеќе пати ја одложуваше идејата за започнување со аутлет заради „влијанието што пандемијата го има врз физичките продавници“.
Амазон веќе има над 500 физички продавници под ланецот за здрава храна Хол фудс, и уште стотина од други брендови.
Аутлетите за бела техника и производи за домот, ќе бидат надополнување на ова. Овие две истовремено се меѓу водечките категории на Амазон.