Иако американската морнарица редовно плови низ Црното море, вонредното испраќање бродови се прави како „сигнал за Москва дека Вашингтон следи што се случува.“ Сегашната процена на Американците е дека руското распоредување во регионот е согласно со обуката и воените вежби и не навестува каква било воена активност, меѓутоа надополнуваат дека „се свесни дека ситуацијата би можела да се смени во секој момент“.
Распоредувањето би можело да се случи за најмалку 14 дена, рок кој е одреден со договор од 1936 и кој предвидува дека секоја држава треба две недели однапред да ја извести Анкара за својата намера да го мине Босфор со воени бродови.
Во меѓувреме, американската морнарица ќе продолжи со извидничките летови во меѓународниот воздушен простор над Црното море, а Американската команда во Европа е на највисоко ниво на тревога.
Додека Пентагон ја обвинува Русија дека трупа воени сили на границата со Украина, Путин во разговор со Меркел ја обвинил Украина дека прави провокации на истокот на земјата со цел „распалување на ситуацијата“.