Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Убијците на Кашоги биле обучувани во САД

Не биле обучувани конкретно за да го елиминираат и распарчат 60-годишниот новинар, и не биле обучувани директно од американските безбедносни сили, меѓутоа имале обука во САД од поранешни американски војници и тоа со дозвола од американскиот Стејт департман.

Дутерте: У гз ќе ви ставам вакцина!

Живописниот лик Роберто Дутерте, од функцијата претседател на Филипини, се закани дека ќе ги апси оние кои не сакаат да се вакцинираат. А кога се веќе уапсени, лесно ќе биде да се имунизираат.

Индија стигна до „делта плус“ варијанта на ковид-19

Варијантата од која моментално стравува светот, до пред некое време индиска, по ново делта, доби надградба која се води како делта плус.

Светот доби милиони нови милионери за време на пандемијата

Се работи за 5,2 милиони нови милионери во светот во 2020, кои не дека нешто се прекршиле од работа за да стигнат до таму, туку главно биле унапредени во милионери благодарејќи на растот на цената на акциите и недвижностите.

Колумната на Владимир Путин за германски Ди Цајт

„Да се ​​биде отворен, и покрај минатото“ е насловот на колумната на Путин по повод 80 годишнината од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз, во која тој од руска перспектива зборува „за европцките работи“, односно за тоа „шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“.

Како Северна Кореја за малку ќе украдеше 1 милијарда долари

На севернокорејските хакери им останаа уште 81 милион долари да бидат префрлени од Националната банка на Бангладеш пред комплетирање на трансферот од речиси милијарда долари кога од чиста случајност операцијата била прекината заради расипан принтер.

ЛГБТ правата не се над религиозните права

Со едногласна одлука, американскиот врховен суд одлучи дека верски групи не можат да бидат дискриминирani ако, согласно својата религија, не сакаат да работат со истополови двојки.

Големиот брод што го запре светот

Евер гивен и понатаму е во Египет само 30 километри подолу од местото на кое се заглави на 23 март и неколку денови ја блокираше глобалната трговија. Неговиот екипаж повеќе од 100 дена нема мрднато од бродот, а исто е и со целиот товар кој го носи од другата страна на светот. За сега не се знае ни кога пак ќе мрдне.

Инстаграм инфлуенсери има повеќе отколку луѓе што сакаат да ги гледаат

Дилемата дали Инстаграм (алогоритамот) се има променето или корисниците пораснале и веќе не се заинтересирани, доаѓа од проблемот како Инстаграм стана толку досаден.

Швајцарците ги одбија новите еколошки такси

Мнозинството гласачи на Швајцарија, на референдум гласаа против воведувањето на мерките со кои владата планираше да ги постигне целите од Парискиот климатски договор. Мерките ќе вклучуваа нови такси на бензинот и авионските карти, ќе предизвикаа поскапување на превозот и на другите поврзани производи и услуги.

Тајната на среќата е да не си правиш бајрам на паметот

Екипа научници од Лондон утврдиле дека за среќата се битни сите оние елементи кои ни се веќе познати но и еден универзален за сите: да не очекуваш премногу. На пример, доволно е да се надеваш дека едвај ќе ги тепаме Холандезите 2:1.

Кој што прави, Трамп дава интервјуа за книги

Доналд Трамп има дадено најмалку 22 интервјуа за 17 различни книги од моментот кога излезе од Белата куќа, и уште има автори што чекаат на ред за разговор.

Лагата за Моцарт ефектот кај бебињата

Во 1991 излегува една студија која покажува дека слушањето Моцарт делува позитивно на менталниот развој на бебињата, и без збор беше прифатена од тазе родителите што заради леснотијата на концептот (пушти му музика и ќе стане паметно), што заради логиката дека паметни луѓе слушаат Моцарт. Епа не е така.

Дали Фаучи е кабает за создавањето на ковид-19 вирусот?

Лабораторијата во Вухан и понатаму останува главниот осомничен во истрагата за можното потекло и протекување на ковид-19 од лабораторија. Но како минува време така во целата работа почнаа да се вплеткуваат имињата на некои од „хероите“ на пандемијата.

Запознајте се со цензурираните: Брет Вајнстин

Пред неколку години го набркаа од факултет затоа што дошол на работа во денови кога не требало да доаѓаат белци. Сега го бркаат од Јутјуб, иако тоа што своевремено го зборуваше, во меѓувреме стана меинстрим опција. 

Бразил не заборава дека доцна доби вакцини

Бразил надмина 500.000 жртви од ковид, првенствено заради задоцнетото набавување вакцини. Против човекот кој се смета за највиновен се протестира во преку 40 градови во државата.

САД: Радо оди ветеран во жени

Американскиот департмент за воени ветерани најави дека во иднина државата ќе ги плаќа операциите за менување на пол. Ќе можат да се почастат преку 130.000 воени ветерани. 

Продуктивноста е во 4-дневна работна недела

Експериментот со работење само 4 дена неделно (и одморање 3) во Микрософт Јапонија резултирал со скок на продуктивноста од 40%.

Пијани германски војници пак паднаа на Хитлер

Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.

Бајден му дал на Путин „не пипај“ список

Проблемот со сајбер-напади САД за сега го решија со предавање на Путин на список на 16 круцијални инфраструктурни „ентитети“ кои не смеат никако да бидат допрени од сајбер-напад, под закана дека САД ќе возврати на свој начин.

Кина потеклото на ковид-19 би го барала во САД

Откако се утврди дека болеста може да циркулирал уште од декември 2019, кинеските епидемиолошки власти побараа САД да бидат приоритетната локација во следната фаза на истрага за потеклото на ковид-19.

Научен грант за малтретирање пијани глувци

Научници потрошиле 4,5 милиони долари за да навлечат глувци на алкохол а потоа малку да ги трауматизирааат, тоест да им прават фуфка. Сето тоа во име на воените ветерани и нивните ментални проблеми.

Ербиенби им плаќа на туристи по 7 милиони долари после силување

Австралијанка добила исплата од Ербиенби во износ од 7 милиони долари откако под закана со нож била силувана во стан во Њујорк во 2015 изнајмен преку платформата.

Кока-кола изгуби 4 милијарди долари заради Роналдо

Како што Роналдо во знак на нервоза ги тргна од кадар двете шишиња со Кока-кола натопорени до микрофонот, и на нивно место стави шише со вода, така вредноста на компанијата инстантно падна за 4 милијарди долари.