Швајцарците ги одбија новите еколошки такси

Мнозинството гласачи на Швајцарија, на референдум гласаа против воведувањето на мерките со кои владата планираше да ги постигне целите од Парискиот климатски договор. Мерките ќе вклучуваа нови такси на бензинот и авионските карти, ќе предизвикаа поскапување на превозот и на другите поврзани производи и услуги.

Предложените мерки имаа поддршка од мнозинските парламентарни партии но противниците истакнуваа дека новите давачки негативно ќе се одразат на економското опоравување од ударите на ковид пандемијата.

Во крајна линија, истакнуваа вториве, Швајцарија е одговорна за само 0.1 процент од глобалната емисија на јаглерод диоксид и тоа во ваков момент не може да биде приоритет за земја која сака да излезе од економски лошите времиња.

Предлогот референдумски бил одбиен со 51 процент од гласовите.

Некои аналитичари беа шокирани од ваквиот епилог со оглед на тоа што Швајцарците традиционално се склони да бидат чувствителни на заштитата на природата а и на последните парламентарни избори победија токму две зелени партии (лево-зелена и либерално-зелена).

Либералната партија ФДП објави дека ќе продолжи да се залага за зелени политики но дека резултатите од референдумот укажуваат дека на луѓето им е важно да се води сметка и за економијата.

**************

Види и:

Швајцарија, референдум, здраво

ДУИ нè потсетија како звучат во оригинал

21 јуни 2021 - 16:16