Бразил не заборава дека доцна доби вакцини

Бразил надмина 500.000 жртви од ковид, првенствено заради задоцнетото набавување вакцини. Против човекот кој се смета за највиновен се протестира во преку 40 градови во државата.

Илјадници луѓе излегле на улиците на бразилските градови за да изразат протест против начинот на кој претседателот Болсонаро се справи со здравствената криза - првенствено заради недоволно брзото набавување вакцини а и поради неговото калкулантство околу носењето маски.

Властите се соочуваат со жестоки критики зашто лошо се снајдоа со набавките на вакцини. Досега 15 проценти Бразилци се целосно имунизирани а 30% имаат примено една доза. Се протестира во 44 градови во 20 бразилски држави.

Бразил денеска надмина 500.000 жртви од ковид и е глобално втора (после САД) во вкупниот жртзвен биланс. Последнава недела во просек се регистрираат по 70.000 новозаразени дневно. Ситуацијата ја отежнува присутноста на таканаречениот бразилски сој (денес го викаат Гама) кој првпат беше изолиран во Амазонија а се одликува со висока вирулентност.

Политичката позиција на Болсонаро е во незавидна позиција и заради една друга тема. Група од 23 американски конгресмени испрати писмо до државниот обвинител Мерик Гарланд во кое од него се бара да ја испита улогата на американското министерство за правосудство во големата антикорупциска афера Автопералница која со години се одвиваше во Бразил а резултираше со политички пресврт после кој на власт дојде токму десничарот Жаир Болсонаро.

На таквиот епилог му претходеше елиминирање од политичката сцена на поранешниот претседател Луис Лула де Силва кој беше осуден нс 12 години затвор на помалку од шест месеци пред одржувањето на претседателските избори на кои, според сондажите на расположението, можеше да победи.

„Со оглед на тоа што американските репресивни и правосудни институции одиграле пресудна улога во операцијата, судејќи по сè, американската влада учествувала во своевидниот нетипичен државен удар кој на власт го доведе еден од најдеструктивните политички лидери на денешницата“, пишува порталот Новости.

Накратко, не кладете се дека Болсонаро и американските служби се толкави непријатели како што изгледаат.

**********

Види и:

Во Бразил се враќа Лула

20 јуни 2021 - 10:36