Дали Фаучи е кабает за создавањето на ковид-19 вирусот?

Лабораторијата во Вухан и понатаму останува главниот осомничен во истрагата за можното потекло и протекување на ковид-19 од лабораторија. Но како минува време така во целата работа почнаа да се вплеткуваат имињата на некои од „хероите“ на пандемијата.

Сомнежот околу вмешаноста на Фаучи во создавањето на ковид-19, (не од злонамерност, туку од научна радозналос) се базира на неговата одлука во 2017, на своја рака да ја укине забраната за државно финансирање на „истражување за стекнување функционалност“ воведена од Обама. Стекнување на функционалност е медицинско истражување во кое се прават измени на вирусите со цел тие да бидат позаразни, поиздржливи и слични апгрејди на оригиналот.

Фаучи, како прв човек во американскиот Национален институт за заразни болести, исто така е главен во американската администрација за делење на научни грантови, во износи од милијарди долари, за научни експерименти во САД и низ светот.

По укинувањето на забраната за финансирање во 2017, Фаучи доделува пари за истражување на стекнување функционалност на Еко-хелт алијансата на др. Питер Дасзак кој потоа средствата ги префрла на Институтот за вирологија во Вухан за истражување на нови коронавируси од лилјаци.

Три години подоцна, ја февруари 2020, Дасзак е автор на писмото објавено во медицинскиот журнал Лансет, а потоа потпишано од уште речиси 30 светски научници во кое најостро се отфрлаа сите теории дека ковид-19 потекнува и протекол од лабораторија.

Во јануари 2021, тим на СЗО пристигнува во Кина и ја започнува својата истрага за потеклото на ковид-19. Дасзак е единствениот претставник на САД (роден е во Британија, но во 1990-те се сели во САД) во тимот на СЗО. Заклучокот на истрагата беше дека теоријата за протекување од лабораторија е најмалку веројатната верзија за почетокот на пандемијата.

Од тука продолжувате сами:

 

21 јуни 2021 - 11:26