Дутерте на таквите им остави и друга опција: да соберат парталите и да ги напуштат Филипини.
„Немојте погреешно да ме разберете. Земјава се соочува со криза. Се работи за вонредна национална ситуација. Има да ве поапсам и има да ви ставам вакцина во задникот,“ прецизно го формулираше својот став претседателот чиј табиет е мешавина на Доналд Трамп и Здравко Мамиќ, на стероиди.
Што се однесува до втората опција, заминувањето од Филипини на оние кои се снебиваат околу вакцините, тој великодушно им остави слобода да одат кај сакаат, од Америка до Индија.
Филипините се ковид хот спот за тој регион во југоисточна Азија со преку 1,3 милиони заразени и 24.000 жртви. Доцна набавија вакцини (нормално, порано од нас) а потоа властите се соочија со колебливост на нацијата околу целисходноста на вакцинирањето.
*********
Друго од ликот:
Дутерте во божиќно расположение: Гледајте ова да не ви е последниот Божиќ.
Дутерте до Канада: Земете си го ѓубрето или војна
Препорака од Дутерте до нацијата: Убијте ги тоа бескорисните бискупи
Дутерте на една свеченост по негов мерак
Види и: