Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Роџер Вотерс со „fuck you“ за Закерберг

Закерберг „еден од најмоќните идиоти во светот“, по зборовите на фронтменот на Пинк Флојд, нема да може да користи песни од групата за рекламирање на Инстаграм.

Џон Стјуарт се отвори околу ковид-19

Во понеделникот камбекот на Стивен Колбер во студио беше со неговиот поранешен колега Џон Стјуарт и изгледаше како на Стјуарт 15 месеци да му се собирало што има да каже околу потеклото на ковид-19.

Почина таткото на најголемото семејство на светот

Не е титула која се дава тек така, туку повеќе искажан факт, 76-годишниот Зиона Чана беше татко на 94 деца од вкупно 39 жени и дедо на 33 внуци/внуки.

Жените се изборија за еднаквост, во пиење

Може не е еднаквоста која им беше приоритет на агендите ама сепак е еднаквост, и по ново бројките покажуваат дека жените пијат алкохол исто колку мажите, и тоа е сериозен проблем за жените.

Бајден и Г7 дадоа амин за одржување на Олимпијадата

Јапонскиот премиер од самитот на Г7 заминува со поддршката од сите негови колеги дека Токио 2020 треба да се одржи во закажаниот термин.

Секој треба да има слобода да мисли како мене

Во глобално истражување на јавното мислење, огромно мнозинство луѓе целосно го поддржуваат слободното мислење и израазување - на оние кои мислаат како нив. Кога во игра ќе се вклучат спротивни гледишта, таквата поддршка нагло опаѓа.

4 масовни пукања во САД во рок од 6 часа

Нападите целосно неповрзани се случуваат во 4 различни градови и завршуваат со 39 ранети лица и 6 убиени, а полицијата предупредува дека ова е само најава за проблемите што ќе престојат летово.

Кога истекува рокот, продолжи го рокот

Бразил има три милиони вакцини Џонсон и Џонсон чиј рок на употреба истекува кон крајот на јуни. Ама, тоа е така само ако ептен се држиш до упатството.

Си немал интернетот работа, па го работел Џеф Безос

На интернет се појави петиција која бара од Џеф Безос да ја купи Мона Лиза, и откако ќе го направи ова (што е речиси па неизводливо) да земе и да ја изеде сликата. И затоа што е интернет, луѓе се потпишуваат.

Младиве денес не чинат веќе 2,5 милениума

Фацинантно е како ама баш секоја генерација, во некој момент влегува во истата досадна приказна за тоа како младиве денес не се како тие порано и како ли тоа ќе изгледа... памет немам, сестро слатка....

Ламборгини, речиси распродадено за 2021

Олеснувањето на пандемијата довело до чувство на слободно трошење кај муштериите на Ламборгини кои со месеци биле заглавени во своите палати, па веќе во јуни компанијата го има продадено речиси целото производство за годинава.

Научи ги на пари, сами ќе се научат на проституција

Научници научиле мајмуни да користат пари и да го разберат тој концепт. Не минало долго време кога се појавила проституција. 

Ѓон да му позавиди

Ентони Винер е поранешен американски политичар кој успеа да ја уништи својата речиси неуништлива политичка кариера заради пуст мерак на жени, меѓу кои и малолетничка, да им испраќа сексуални пораки и слики од својот пенис. Таму каде што некои гледаат резил и блам, оваа уникатна човечка појава деновиве откри можност за профит.

Тексас ќе продолжи каде што Трамп застана

Американската сојузна држава наскоро ќе излезе со нов план за изградба на ѕид на границата со Мексико, затоа што „кризата на границата не е за смеење“.

Токио 2020: Казни неброени

Официјалниот став на Меѓународниот олимписки комитет е дека откажувањето на Олимпијадата во Токио би било премногу сурова жртва која ќе треба да се наметне на илјадници спортисти од кои некои цел живот работеле за да стигнат до таму. До сега МОК нема ништо спомнато за пари.

Бесплатен џоинт за вакцина

Вашингтон покрена акција за давање бесплатен џоинт на секој возрасен кој ќе се вакцинира. Може да се одбере и пиво. А наши луѓе ќе се тркалаат по Врања и Белгради заради неспособната клика, опиена од сопствените лаги и надувана од фалбите на своите ботови.

Г7 ќе бараат од СЗО нова истрага за потеклото на ковид-19

Освен што ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19, првите луѓе на Г7 сакаат инспекторите на СЗО да се вратат назад во Вухан и одново да започнат истрага за потеклото на пандемијата.

Грците го забетонираа Акропол

Историската локација која според дел од архитекти нема потреба од какви било унапредувања, доби унапредување во форма на бетонски патеки и уште неколку бетонски појави на барање на друг дел од архитектите.

Која е судијката која сакаше да го ослободи Ратко Младиќ?

Од одлуката за потврдување на доживотната казна затвор за Ратко Младиќ, своето мислење го издвои судијката која претседаваше со жалбениот совет. Мислењето зошто не е убедена во оправданоста на пресудата и казната го објаснила на 60 страници.

Пратеничко прашање на денот

Конгресмен од Тексас праша дали надлежните служби и институции можат да сторат нешто за да ја сменат орбитата на Земјата и на Месечината, за подобро да се справиме со климатските предизвици. Во неверување што ги прашува, претставник од службите признал дека ќе му требаат дополнителни консултации за одговор а од спротивната партија му рекоа дека ќе ja прашаат Капетан Марвел. 

Портрет на Елизабета Втора отстранет од Оксфорд

Под обвинение дека сликата е симбол на „скорешната колонијална историја,“ од заедничката просторија на еден од колеџите на Универзитетот Оксфорд беше симнат портрет на се уште актуелната британска кралица.

Како тоа мислиш луѓе не сакаат да платат 15 милиони долари за поштенска марка?

И покрај очекувањата дека ќе достигне 15 милиони долари и ќе постави нов светски рекорд за најскапо продадена марка, сепак поштенската марка од 1856 година на крај беше продадена за разочарувачки 8,3 милиони долари.

Сепак Кина, а?

Го обвинуваа Трамп дека премногу е фокусиран на Кина и дека поради таа негова лична опседнатост, САД ги запоставува своите други гео-стратешки приоритети. Сега одвоија 250 милијарди долари за да го зауздаат економскиот и политички раст на Кина.

Ел Салвадор го призна биткоин

Конгресот на Ел Салвадор го изгласа законот со кој биткоин ќе биде признаен како платежно средство во земјата, со што стана првата држава во светот која формално прифатила дигитална валута.