Ламборгини, речиси распродадено за 2021

Олеснувањето на пандемијата довело до чувство на слободно трошење кај муштериите на Ламборгини кои со месеци биле заглавени во своите палати, па веќе во јуни компанијата го има продадено речиси целото производство за годинава.

Стефан Винкелман, ЦЕО-то на Ламборџини

Италијанскиот производител уште од сега се подготвува за „силен раст“ во 2021 откако до сега има продадено 10 месеци од производствениот капацитет.

Без разлика како вам ви изгледаше и минатата година била прилично даровна за Ламборгини:

„И покрај 2-месечното затворање заради пандемијата, за Ламборгини 2020 беше втора најдобра година во историјата,“ изјавува ЦЕО Стефан Винкелман.

За годинава испораките на Ламборгини во првиот квартал пораснале за цели 25%.

Иако им оди повеќе од добро, компанијата моментално инвестира 1,5 милијарди евра за до 2024 да може да понуди хибрид верзија од секој свој автомобил, а за втората половина на декадава планира лансирање на првото целосно електрично Ламборгини.

Минатиот месец имаше информација дека Фолксваген добил понуда од 7,5 милијарди евра за продавање на Ламборгини. Винкелман изјави дека компанијата не е на продажба.

11 јуни 2021 - 15:46