Надоврзувајќи се на актуелната американска истрага околу потеклото на ковид, а без да потфати ниту една теорија на заговор, Стјуарт неколку пати потенцира дека пандемијата го носи истото име како и лабораторијата во Вухан.
Исто така без да поткачи ниту една националност, Стјуарт на кратко тврди дека на научници не може да им се верува, едноставно затоа што премногу сакаат да знаат.
Откако Колбер проба да го рестартира муабетот после паузата, Стјуарт пак се наврати на научниците, на крај порачувајќи „ги сакам сите и тие вршат одлична работа, ама сите ќе нè убијат“.
Првата епизода на Лејт шоу во големото студио на Ед Саливен театарот беше пред публика која задолжително мораше да биде вакцинирана за да присуствува. До сега, 15 месеци шоуто се емитуваше од една соба во домот на Колбер со помош на комбе на преноси паркирано кај него во двор.