Маноли Корес кој со години претседава со реставрацијата на Партенон објаснува дека таква архитектонска маестралност не треба да биде разубавувана туку треба да биде оставена автентична за правилно да и ја пренесе на јавноста својата историја и сите експлозии, грабежи, пожари и земјотреси што ги преживеал.
На ниво на Грција, Корес се смета за најголемиот авторитет на тема Акропол, и се уште е претседател на комитетот за зачувување на Акропол.
Ваквиот статус на Корес сериозно се разниша откако минатата година одлучи да стави армирано железо и бетон на патеките кои водат до Партенон а во име на полесен пристап за лицата со хендикеп. Плус поставен е и лифт кој може да носи две инвалидски колички. Тој предложи и возобновување на влезот во целиот комплекс со ставање на римски скали кои би го прошириле постојниот влез.
Промените се критикувани како модернистички чир и тинтрање на масовниот туризам наместо спасување на целата локација.
До сега над 3.500 луѓе имаат потпишано отворено писмо во кое се бара отстранување на бетонските патеки и останатите промени кои се замислени.
Ставката останати промени ги опфаќа бетонските пешачки патеки во западниот и јужниот дел од Акропол, кои според здружението на грчки архитекти, се направени под притисок од индустријата на крстосувачки туристички бродови, како би можело Акропол истовремено да прими уште поголем број на туристи.
Забелешката е што новите проекти предвидуваат бетонирање на поголем дел од пејзажот со што би се покриле карпите и „се деградира природниот пејзаж и се девалвираат карпите како природен споменик, како природна тврдина“.
Други архитекти ги напаѓаат промените како „скандал од глобални размери“ имајќи ја предвид важноста на споменикот како дел од светското наследство.
Сите овие забелешки, само добија на издржаност откако се дозна дека Кристијан Диор ќе биде меѓу првите што ќе ги искористи новите проширени патеки за модна фотосесија.
Од грчкото министерство за култура се бранат дека промените биле одобрени на сите нивоа, вклучувајќи ги и архитектонските авторитети. Дополнително по нивни статистики, годишно 150 луѓе сериозно се повредуваат лизгајќи се на камењата на постојните патеки во Акропол.
На ова се надоврзуваат и туристичките водичи, според кои патеките се повеќе од потребни, бидејќи неделно по четири пати доаѓа Брза помош во Акропол, заради луѓе што паднале и се повредиле.