
Симнувањето е направено на барање на студентите на Магдален колеџот, според кои на тој начин заедничката просторија ќе биде попријатна за членовите и ќе се признае дека „за некои од студентите, сликите од монарсите и британската монархија ја претставуваат скорешната колонијална историја.“
Претседателката на колеџот, објаснила дека студентите не го претставуваат колеџот, меѓутоа таа сепак го поддржува нивното право на „слободен говор и политичkа дебата“.
За министерот за образование, Гавин Вилијамсон, потегот е „едноставно апсурден“:
„Тоа што студентите на Оксфорд ја отстранија сликата од кралицата е едноставно апсурдно.
Таа е шеф на држава и симбол на она што е најдобро во Британија. За време на нејзиното долгогодишно владеење таа неуморно работеше на промовирање на британските вредности на толеранција, инклузивност и почит околу светот.“