Почина таткото на најголемото семејство на светот

Не е титула која се дава тек така, туку повеќе искажан факт, 76-годишниот Зиона Чана беше татко на 94 деца од вкупно 39 жени и дедо на 33 внуци/внуки.

Чана живееше во североисточната индиска држава Мизорам, и беше член на полигамна христијанска секта која има околу 4.000 следбеници, чиј основач е таткото на Чана.

Станбеното прашање на семејството е решено со една вила на четири спратови со нешто над 100 соби.

Брачните обврски пак се решаваат со систем на ротација развиен од Чана, кој одредува која сопруга вечерта ќе спие во кревет со него, а останатите жени спијат во заедничка спална во негова близина.

Чана првата жена ја зема на 17 години, и во рок од една година се жени со уште 10 други. Неговиот последен брак е од 2004, кога во семејството доаѓа 39-та сопруга која тогаш има 25 години.

Првата сопруга на Чана уште е жива и е одговорна за организирање на домаќинството.

По дома, децата и нивните партнери живеат во посебни соби но делат заедничка кујна. Домаќинството е целосно самодоволно, имаат организирано сопствено училиште и сами одгледуваат различни земјоделски култури. Во просечен ден во куќата за јадење се трошат 100 килограми ориз и 70 килограми компир.

76-годишниот Чана починал во болница во главниот град на Мизорам, заради шеќер и висок притисок.

15 јуни 2021 - 11:43