Речиси еден век жените го намалуваат јазот со мажите во однос пиење алкохол и проблеми од пиење. Она што претходно е 3-1 во корист на мажите, последниве години е доведено до речиси 1-1 на глобално ниво. На одредена возраст, тинејџери и рани 20-ти жените пијат и се опиваат со повисока стапка отколку машките на иста возраст.
Проблем во сето ова е што жените пијат повеќе ама не од мерак, туку чисто за да го издржат секојдневниот живот.
Ова е проблематично по две основи, прво, затоа што жените повеќе и побрзо страдаат од последиците од пиење алкохол отколку мажите дури и при пониски нивоа на консумација. Второ, кај луѓето кои пијат од мака, наспроти тие од задоволство, повисок е ризикот за закачување на некое нарушување поврзано со пиењето алкохол, а бројките покажале дека жените повеќе пијат од мака отколку мажите.
Жените во просек имаат помалку вода во организмот, која помага за разредување на алкохол, отколку мажите на иста килажа. Ова значи дека ист број на пијачки ќе предизвика тие да имаат повисоко ниво на алкохол во крвта, а нивното тело ќе биде изложено на повеќе алкохол.
Заради сето ова тие се пред поголем ризик од мамурлак, губење свест, заболување на црниот дроб, срцеви проблеми предизвикани од алкохол и одредени типови на рак.
Студија која ги анализира бројките од 2006 до 2014 открива дека бројот на посети на Ургентен центар поврзани со алкохол, пораснал за 70% кај жените и за 58% кај мажите.
Проблемот го заокружува и тоа што не секогаш се користи превенција и лечење скроено за женската популација, туку се оди со општ пристап, кој главно врши работа кај машката популација.