Како поттик за помасовна имунизација против коронавирус, Вашингтон ќе обезбеди бесплатен џоинт за сите возрасни кога ќе примат вакцина.
Државниот одбор за алкохол и канабис соопшти дека кампањата со име „Џоинт за вакцина“ стапува на сила веднаш и ќе трае до 12 јули.
Џоинт им следува на сите кога ќе примат прва или втора доза, а имаат наполнето 21 година. Следувањето ќе може да се земе од продавниците за канабис. Во игра е само цигара, не и други производи од канабис.
Слична акција најавува и Аризона
Истиот одбор на Вашингтон неодамна овозможи и бесплатно пиво, вино или коктел за оние кои ќе се вакцинираат. Досега таму 58% имаат примено една доза а 49% две.