Со гласови од двте партии, американскиот Сенат одобри закон вреден 250 милијарди долари кој треба да ја контрира кинеската офанзивност во мнопгу области, со надеж дека комбинирани со санкции, ваквите инвестиции на САД ќе им го вратат компетитивниот капацитет на глобален план.
Носејќи го законот за иновации и конкурентност, сенаторите порачаа дека сакат да го спречат предавањето на технолошкото лидерство во рацете не нивниот стар непријател, проценува Вашингтон Пост.
Парите ќе одат во многу области. 50 милијарди долари директно во американски бизниси поврзани со производство на компјутерски чипови кои сега се назбавуваат од Кина. Ќе се финансираат и проекти за истражување на вселената, област во која Кина е сè повидлива во последно време.
Со законот се одобруваат многу предлози за сузбивање на кинеското економско и политичко влијание. Со нив се отвора вратата за нови санкции кон Пекинг на име на стандардните обвинувања за кршење на човековите права, се поддржува студија за потеклото на коронавирусот и се подготвува терен за бојкотирање на Зимската Олимпијада во 2022 година
300 милиони долари од законот одат конкретно за намалување на влијанието на Комунистичкатаа партија на Кина.
Ама некој ним им се мешал во внатрешните работи....