Гувернерот на Тексас, Грег Абот, во говорот на Самитот за гранична безбедност, изјавил дека е неопходна промена, бидејќи градовите на Тексас кои се на границата со Мексико не можат да се справат со мигрантите кои ја преплавуваат земјата.
На истата конференција тој изјавил дека има одвоено 1 милијарда долари од буџетот на Тексас за безбедност на границата.
Иако најавил изградба на ѕид на границата меѓу Тексас и Мексико, гувернерот не дал подетална информација каде и кога ќе почне изградбата.
Мигрантите кои доаѓаат од југот не само што се проблем за секојдневното функционирање на полициите на тамошните градови, туку се сериозен проблем и за земјоделците, сточарите и општо жителите на тој дел од САД.
Абот го критикува и Бајден чија политика за „отворени граници“ предизвикала скок на бројот на мигранти од година во година. На бројот на нелегални мигранти според Абот влијаела и „разликата во посветеноста“ меѓу сегашната и претходната администрација.
Во мај граничните власти на САД спречиле 180.034 луѓе нелегално да влезат во земјата, што е најголем број во последните две децении.