Последниот пат кога оваа поштенска марка беше продадена таа достигна цена од 9,5 милиони долари, заради што сега се очекуваше дека ќе постигне од 10 до 15 милиони долари.
Сите овие пари се даваат за црна со магента поштенската марка од Британска Гвајана од еден цент, која е последна од серијата од 1856.
Марката е употребена, не е од тие недопрените, и на нејзе стои потписот на тогашниот поштенски работник и пропратниот печат.
Во 2014 марката е купена од магнатот за чевли Стујарт Витцман за 9,5 милиони долари, кој за прв пат во историјата овозможува таа постојано да биде изложена во музеј и да и биде достапна на јавноста.
Првиот сопственик на марката е момче од Шкотска, Вернон Вон, кој во 1873 ја наоѓа меѓу писмата што ги има дома. Тој ја продава на локален колекционер за 6 шилинзи (околу 1,5 долар во тоа време). Од тогаш таа минува низ најразлични големи колекции во светот.