Кому му е важно слободно изразување? Речиси на сите, судејќи по едно ново истражување спроведено во 33 земји во кое прекрасни 94% сметаат дека важно луѓето да можат да го изразат своето мислење без да бидат цензурирани или замолкнувани. Слично фасцинантни се и процентите околу поддршка на медиумските слободи и правото да се користи нецензуриран интернет.
Но, ако толкаво мнозинство испитаници се ентузијастички поддржувачи на слободниот говор, како тогаш таа слобода глобално паѓа повеќе од една деценија?
Зад овој парадокс стои поуката дека вистинското прашање не е дали туку дали реално се поддржува слободната мисла бидејќи кога од апстрактна поддршка на таа идеја ќе се влезе во детали и ќе се внесат спротивставени гледишта, универзалната поддршка се растопува.
Во сите земји, само 43% поддржуваат правна заштита на изјави кои се офанзивни за малцинствата додека 39% поддржуваат забрана на изјави кои се навредливи за нивната религија и уверувања. Толеранцијата за поддршка на исто-полови односи се движи од речиси универзална во Данска и Шведска (91%) до помалку од една третина во Пакистан (27%).
72% Данци и Американци се подготвени да толерираат омаловажување на нивното национално знаме, но тоа во Турција и Кенија ќе го сретнете само кај 16 односно 18 проценти од луѓето.
„Првиот амандман на американскиот устав ги направи САД да се земја со најзаштитена слобода на говор, и денес и во историјата“, вели професорот од Колумбија, Ли Болингер, но и таму е забележан мал но битен пад во однос на истражување од пред 6 години. Приврзаниците на Бајден помалку ја поддржуваат слободата на говорот отколку фановите на Трамп.
Интересни се и разликите меѓу односот кон критиките на религијата кога се тие во приватни кругови и кога се јавни. Во Русија таа разлика е дури 36% а слични големи проценти има и во муслимански земји во кои се казнува навредување на религијата.
Институтот Јустиција изготвил и индекс на слобода на говор во кој се појавиле некои неочекувани шампиони како Унгарија и Венецуела кои го заземале петтото односно седмото место на индексот.