„Никој ја нема изедено Мона Лиза и чувствувам дека Џеф Безос треба да се заложи и да го оствари ова,“ стои во петицијата.
Мона Лиза е во сопственост на француската влада и е перманентно изложена во Лувр во Париз.
За сега Безос не изразил никаква намера за поседување или гоштевање со Мона Лиза, посебно не периодов кога е зафатен со планот за летање во вселената со сопствената ракета, што е закажано за 20 јули.
Меѓу работите што до сега Безос ги има купено е јахта од 500 милиони долари, 4 станови во Њујорк кои спои во еден пентхаус по цена од 96 милиони долари, како и редовно годишно инвестирање по 1 милијарда долари во својата компанија за вселенски летови Блу ориџин.
Низ годините во повеќе наврати се споменува продажбата на Мона Лиза како еден од начините за намалување на долгот на Франција, меѓутоа предлогот никогаш не бил посериозно разгледан.