Претставници на бразилскиот здравствен регулатор се сретнале со компанијата која ги застапува Џонсон и Џонсон за да ги разгледаат опциите околу една три милионска пратка на вакцини чиј рок истекува на 27-ми јуни.
Најдомаќинска опција им е да се договорат да го продолжат рокот кој го носат вакцините. Тоа го предложила самата компанија, веројатно со старата балканска аргументација „ништо не им е“. Предлогот е наместо три месеци, да се смета дека вакцините се употребливи 4,5 месеци.
На потег се здравствените власти во Бразил кои се под жесток притисок на јавноста поради впечатокот дека нивната колебливост и некомпетентност доведе до тоа Бразил да биде една од најжестоко погодените земји во светот од актуелната пандемија.
Таму од ковид досега починале близу 500.000 лица. Досега комплетно имунизирани се 14,5 проценти од населението, главно со кинеската синовак, но се користат и вакцини на Фајзер и АстраЗенека.