
Амандманот што го дале останатите лидери е дека Олимпијадата треба да биде „безбедна“ и да се преземат сите можни јавни мерки неопходни за заштита на спортистите, персоналот и публиката.
Поддршката што Г7 ја дава за Токио 2020 е наведена и во заедничкото коминике објавено по крајот на самитот.
Сето ова се случува на пет недели пред церемонијата за отворање на Олимпијадата чие одржување е најнеизвесно во историјата на игрите. Аминот од Г7 лидерите го олеснува притисокот дека некои од најголемите репрезентации на светот нема да се појават на Олимпијадата.
Блумберг пишува дека како што спортистите почнаа да пристигнуваат во Токио, а вакцинацијата се повеќе напредува, така и противењето на јапонската јавност на Олимпијадата опаѓа.
Токио и други градови моментално се под вонредна состојба која треба да трае до 20 јуни, меѓутоа и по овој датум во сила ќе останат полесни рестрикции за контролирање на ширењето на ковид-19.
Олимпијадата ќе трае од 23 јули до 6 август, а по неа на 24 август почнува Параолимпијадата која ќе трае до 5 септември.