
Жртвата го подигнува клучот во една продавница близу до станот, а претпоставката е дека напаѓачот кој не бил сопственикот на станот, направил копија од клучот и така влегол. Според сведоштвото тој се скрил во тоалетот да ја чека девојката да се врати вечерта.
По пријавата на случајот Ербиенби веднаш и се понудил на локалната полиција за помош, а жртвата ја префрлиле во хотел. Тие исто така ги платиле трошоците за советување на девојката и ја донеле мајка и од Австралија.
Во спогодбата постигната две години по силувањето, девојката добила 7 милиони долари, но за возврат не смее да го тужи Ербиенби или сопственикот на станот во кој се случил инцидентот. Меѓутоа според портпаролот на компанијата жртвите со кои тие постигнуваат спогодба можат слободно да зборуваат за своето искуство.
И покрај сумата што ја исплатиле за инцидентот, Ербиенби се уште ги нема променето правилата за предавање на клучевите и каде домаќините можат да ги оставаат за подигање. Сопствениците на станови огласени на Ербиенби немаат никаква обврска да имаат дигитални брави со бројчаници или ако имаат таква брава да ги менуваат шифрите меѓу две различни резервации. Тие исто така не мора да му кажат на Ербиенби кој се има копија од клучевите.
Тоа што Ербиенби го има направено е да им овозможи на домаќините со попуст да купат паметни брави и детектори на галама.