Тајната на среќата е да не си правиш бајрам на паметот

Екипа научници од Лондон утврдиле дека за среќата се битни сите оние елементи кои ни се веќе познати но и еден универзален за сите: да не очекуваш премногу. На пример, доволно е да се надеваш дека едвај ќе ги тепаме Холандезите 2:1.

Повеќе сон, вежбање, здрава исхрана, поминување квалитетно време со семејството се формули и совети кои се важни за степенот на среќа но и тие не го усреќуваат секој човек исто па научниците се заинтересирале дали постои еден фактор кој е универзален за сите луѓе.

За таа цел, луѓе од Универзитетскиот колеџ во Лондон смислиле игра со наслов „Проект на среќата“, во која требало да се донесуваат и рискантни потези но и да се образложи што се сака да се постигне со таквата одлука.

Се заиграле 18.420 луѓе а истражувачите следеле дали има некоја конекција меѓу успехот во играта и чувството за среќа..

„Со оглед на тоа дека играњето игри луѓето ги прави среќни, сакавме да видиме дали играта може дани даде подетални информации за комплексноста на среќата,“ вели водителот на истражувањето Роб Рутлиџ.

До сега сфатиле дека во голема мерка, среќата е одредена од очекувањата.

„Преголемите очекувања се вистинска кочница за среќата,“ вели тој, објаснувајќи ги резултатите по кои степенот на среќа кј луѓето кои играле не зависел толку од тоа колку добро им оди, туку дали им оди подобро отколку што очекувале.

Екипата утврдила и дека некој долго посакуван епилог може кај луѓето да предизвика голема среќа, но таа е привремена. Временски ограниченото задоволство всушност е процес на адаптација кој ни помага да се прилагодиме на новите околности, додека се подготвуваме за следниот чекор. Оттука, предлагаат на среќата да се гледа како на алат или средство, а не како на цел сама по себе.

 

21 јуни 2021 - 15:40